Колкави сметки за струја, вода, греење… плаќаме ние, а колку низ светот?

455

Сметки за струја, греење, ладење, вода, смет… ова им создава главоболки на многу семејства во земјава. Податоците на Numbeo покажува колкави се сметките за овие комуналии за одржување стан од 85 метри квадратни низ светот.

Највисоки сметки за комуналии плаќаат жителите на Германија и тоа 217 евра месечно во просек. Втора е Словенија каде што сметките за комунални услуги во просек се 198 евра, додека на трето место е Хонг Конг со просечни сметки во висина од 179 евра. Исто така, високи сметки за вода, струја… имаат и Израел (178 евра), Данска (178 евра), Швајцарија (174 евра), Австрија (174 евра), Словачка (173 евра), Јапонија (173 евра) и Естонија (170 евра).

Од земјите во регионот, освен Словенија, високи давачки за сметки имаат и: Хрватска (160 евра), Грција (148 евра), Босна и Херцеговина (131 евра) и Србија (130 евра).

Во просек, за сметки за струја, вода, греење и ладење… за еден стан од 85 метри квадратни, во земјава секој месец се одвојуваат во просек по 99 евра.

Пониски режиски трошоци од кај нас имаат: Црна Гора (94 евра), Бугарија (85 евра) и Албанија (65 евра).

Најниски режиски трошоци имаат: Венецуела (шест евра), Египет (20 евра), Непал (25 евра), Иран (27 евра) и Боливија (31 евра).

Фото: Pixabay