Колку беше просечната нето плата во февруари?

41

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2020 година, изнесува 27.206 денари, додека во бруто износ е 40.588 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, e зголемена за 12,5%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (20,1%), Уметност, забава и рекреација (19,3%) и Преработувачка индустрија (17,7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,9%), Рударство и вадење на камен (12,8%) и Транспорт и складирање (11%).

Фото: Pixabay