Колку често одиме на стоматолог?

38

Грижата за сопственото здравје подразбира и редовни контролни преглед кај матичниот лекар и стоматолог.

Просечниот број на консултации кај матичниот лекар е многу поголем за разлика од контролниот преглед, покажува европската статистика.

Меѓу земјите членки на Европската унија, во 2017 година на прво место, по број на посети на стоматолог е Холандија со просек од 2,8 посети годишно. По нејзе следуваат Чешка и Литванија со по 1,6 посети на стоматолог годишно. Најмалку посети на стоматолог на годишно ниво имаат Романија, Кипар и Данска или 0,5 пати годишно или помалку.

Жителите на нашата земја, според податоците на Eurostat, во 2017 година, 0,6 пати посетиле стоматолог. Исто толкав е просекот и во Србија.

Фото: Pexels