Колку чини да се биде фан на Apple?

60

Технолошкиот гигант Apple последниот квартал од минатата година прикажа рекордно ниво на приходи од над 111 милијарди долари, а добивка од 28,7 милијарди долари.

Apple има голем број на фанови ширум светот, а особено во Кина. Познат е фактот дека неговите уреди не се воопшто евтини, па затоа CNN Business пресмета колку чини да се биде фан на овој технолошки гигант. Пресметката тргнува од претпоставката дека фанот има неограничен буџет и сака да ги има сите врвни уреди, додатоци и услуги.

Па така, најквалитетната опција на iPhone 12 Pro Max е 1.099 долари и дополнителен простор од 512 GB уште 300 долари. Доколку на тој износ се додаде и AppleCare+ со покритие од кражби и загуби, тоа ќе чини дополнителни 269 долари. Потоа, силиконската футрола со MagSafe од 49 долари ќе го заштити телефонот и ќе овозможи безжично полнење со MagSafe полнач, по цена од 39 долари. Вкупно се доаѓа до износ од 1.756 долари без дополнителни трошоци и попусти.

Најскапиот Apple Watch часовник што е достапен во продавниците на Apple, чини 1.499 долари, а на тоа да се додадат уште 149 долари од AppleCare+, се доаѓа до износ од 1.648 долари.

iPad-от би чинел 2.583 долари, iPod-от 488 долари…

Фото: Facebook