Колку чини најскапото патување во светот?

24

Најлуксузното патување на светот, организирано од компанијата Six Star Cruises ќе трае 124 дена и вклучува приватен авион, кавијар и Дом Перињон.

Крстарењето започнува од Лос Анџелес, САД, и при тоа ќе бидат посетени 28 земји, меѓу кои Нов Зеланд, Малезија и Малдивите.

Гостите ќе бидат земени од нивните домови со хеликоптер и однесени во луксузен Боинг авион од Бизнис класа. Таму тие ќе можат да се насладуваат со Белуга кавијар, кој чини 5.800 долари килограм и да пијат редок Да Хонг Пао чај, направен од билки стари 1.000 години, со цена од 3.000 долари килограм.

За време на летот гостите ќе уживаат во најдоброто шампањско на светот Дом Перињон Роси.

Внатрешноста на Боингот е направена од махагони и позлатени елементи, а во неа се наоѓаат голем дневен простор и пространа спална соба. Има и трпезарија каде што гостите ќе бидат послужени од врвен готвач, одликуван со Мишелин ѕвезда, кој специјално за нив ќе направи мени со 10 различни вкусови.

Штом ќе пристигнат на море, двојките ќе се сместат во кралскиот апартман Silver Whisper, кој вклучува 2 спални соби, две мермерни купатила, трпезарија и два балкони.
Во пакетот на ова луксузно крстарење вклучени се и четири ноќевања во Beverly Wilshire хотелот во Лос Анџелес, како и четири ноќевања во апратман на Sunset Island во Мајами.

Патувањето започнува во Јануари 2013. Цената на ова луксузно доживување чини неверојатни 1,5 милиони долари за двајца, односно 12.000 долари дневно од пар.