Колку чини обезбедувањето на најголемите ИТ експерти во светот?

30

Фото: Pixabay

Првите луѓе на најголемите ИТ компании во Силиконската долина се и најбогати во светот, па за својата безбедност трошат огромни износи.

Business Insider направи листа на најмоќните луѓе кои одвојуваат многу пари за лично обезбедување:

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, од својот буџет одвојува 1,6 милиони долари за обезбедување. И покрај тоа што ова е астрономска сума, основачот на Amazon не плаќа нешто повеќе од своите колеги.

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг, во 2018 година потрошил 20 милиони долари за својата безбедност. Една година претходно, Цукерберг плаќал 2,5 милиони долари помалку, но поради скандалите со приватноста на Facebook, тој го засили своето обезбедување.

Директорката за операции во Facebook, Шерил Сендберг, во 2018 година потрошила 2,9 милиони долари за обезбедување. Facebook одвои милион долари за нејзините патувања со приватен авион.

Технолошкиот гигант Apple за својот прв човек во 2018 година одвои 310.000 долари за неговата безбедност. Според овие бројки, Тим Кук најверојатно се чувствува сигурно без некои специфични и скапи мерки за безбедност.

Сундар Пичај, извршен директор на Google, за лична безбедност во 2018 година потрошил 1,2 милиони долари. Овој износ е двојно поголем во споредба со 2017 година, кога за лична безбедност му биле одредени 680.000 долари.