Колку е (не)безбеден интернетот?

107

Во текот на минатата година, еден од тројца жители на земјите членки од Европската унија, на возраст од 16 до 74 години, пријавиле безбедносен инцидент додека биле на интернет, покажуваат податоците на Eurostat.

Како најчест инцидент се наведува кражба на инцидент. Вкупно 25% од жителите на ЕУ пријавиле дека примиле лажни пораки, додека 12% од испитаниците имале искуство со пренасочување на лажни интернет страници кои бараат лични податоци.

Со најмногу ризици на интернет се соочиле жителите на Данска (50%), по што следуваат: Франција (46%), Шведска (45%), Малта и Холандија (по 42%), Финска (41%) и Германија (40%).

Од друга страна, најмалку пријави за намалена сајбер безбедност има во: Литванија (7%), Полска (9%), Латвија (10%), Бугарија и Грција (по 13%).

Тој процент во нашата земја е 18.

Фото: Pexels