Во април 2021 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,58% и оствари минимален месечен пад од 0,01 (процентни поени – п.п.), додека на годишна основа е намалена за 0,28 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимален месечен раст од 0,01 п.п. и изнесува 0,90%, покажуваат податоците на Народна банка.
Споредено на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,21 п.п. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во април, е повисока за 0,15 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,09%. На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,32 п.п.
Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, е непроменета трет месец по ред и изнесува 3,70%. Споредено на годишно ниво, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,31 п.пд 0,01 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, е зголемена за 0,34 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,85%. Нагорната промена се должи на растот кај сите компоненти на оваа каматна стапка, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,74 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,31 п.п. и 0,22 п.п., соодветно). Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е повисока за 0,19 п.п.
Во април, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, изнесува 1,19% и бележи месечен раст од 0,04 п.п. Анализирано по валута, месечниот раст во целост произлегува од повисоките каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,25 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула бележат пад (за 0,05 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,09 п.п.
Кај каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, овој месец, е остварен пад од 0,10 п.п. на месечна основа и изнесува 0,65%. Надолната промена целосно е резултат на пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,24 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се зголемени (за 0,78 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). На годишна основа, оваа каматна стапка бележи зголемување од 0,28 п.п.
Во април, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. и изнесува 5,37%. Падот на месечна основа се должи на намалувањето на каматните стапки кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за по 0,03 п.п., соодветно). Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата бележи намалување од 0,28 п.п.
Овој месец, кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е остварен пад од 0,12 п.п. и таа изнесува 4,49%. Надолната промена се должи на пониските каматни стапки на кредитите во странска валута (за 0,30 п.п.) и денарските кредити без валутна клаузула (за 0,05 п.п.), при забележан раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,03 п.п.). Во споредба со април претходната година, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е зголемена за 0,11 п.п.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во април, бележи минимален месечен раст од 0,01 п.п. и изнесува 0,87%. Притоа, растот целосно е резултат на зголемените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се непроменети, а каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула бележат пад (за 0,01 п.п.). Оваа каматна стапка оствари пад од 0,22 п.п., споредено на годишна основа.
Во април, кај каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е забележан пад од 0,16 п.п. на месечно ниво и таа изнесува 0,61%. Падот се должи на пониските каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,16 п.п.) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,05 п.п.).
Четврти месец по ред, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,40 п.п.
Фото: Pexels