Колку фирми во Црна Гора имаат над милион евра на сметка?

71

Во Црна Гора 228 компании на своите сметки имаат депозити од над милион евра, пренесуваат тамошните медиуми.

“Депозит поголем од милион евра имаат 228 правни лица, од кои депозит до пет милиони евра имаат 192 правни лица, а над пет милиони евра имаат 36“, велат од црногорската централна банка, пренесува Bankar.me.

Најголемиот депозит на една компанија, како што се наведува, изнесува 71,1 милион евра, а е од областа на трговија со нафта.

Пред шест месец, депозит поголем од милион евра имаа 254 компании, од кои од еден до пет милиони имаат 197 правни лица. Депозит поголем од пети милиони евра имаа 57 компании, а највисокиот депозит тогаш изнесувал 56,6 милиони евра.

Фото: Freepik