Колку години жителите на светски метрополи треба да штедат за да купат стан

116

Порталот Bright Side создаде хипотетичка ситуација и пресмета колку години луѓето што живеат во различни земји ќе треба да работат за да заштедат доволно пари за да купат стан во нивниот град.

Притоа, за целите на оваа мала студија, претпоставката е дека луѓето ќе ги издвојат сите свои приходи само за стан. Бројките  ја прикажуваат просечната месечна нето плата (после оданочување), а цените коишто се наведени за становите се однесуваат на просечна цена за купување на стан од 50 квадратни метри, надвор од центарот на градот.

Москва – 12,5 години

Просечна месечна нето плата: 797 долари.
Просечна цена на стан: 118.852 долари.

Берлин – 5,5 години

Просечна месечна нето плата: 2.206 долари.
Просечна цена на стан: 145.596 долари.

Лондон – 18 години

Просечна месечна нето плата: 2.927 долари.
Просечна цена на стан: 638.100 долари.

Дубаи – 3,5 години

Просечна месечна нето плата: 3.340 долари.
Просечна цена на стан: 143.850 долари.

Париз – 12 години

Просечна месечна нето плата: 2.531 долари.
Просечна цена на стан: 359.100 долари.

Пекинг – 17,5 години

Просечна месечна нето плата: 1.370 долари.
Просечна цена на стан: 289.150 долари.

Мадрид – 7 години

Просечна месечна нето плата: 1.571 долари.
Просечна цена на стан: 132.250 долари.

Стокхолм – 9 години

Просечна месечна нето плата: 2.857 долари.
Просечна цена на стан: 311.850 долари.

Атина – 9 години

Просечна месечна нето плата: 803 долари.
Просечна цена на стан: 88.950 долари.

Фото: Pixabay