Колку големите хрватски компании се подготвени за ЕУ?

37

hr euВлегувањето во Европската унија повеќето хрватски компании го дочекаа подготвено, поточно добро препознаваат кои се предностите што ќе ги имаат, но свесни се и за негативниот аспект, покажуваат одговорите на водечките хрватски компании во анкетата што ја спроведе Пословни дневник.

Во новиот прилог Хрватска 2020, Пословни дневник ги праша реномираните бизнисмени и научници какви се нивните економски очекувања од членството во Европската унија. Од одговорите што ги доби, две оцени се заеднички: дека ефектите од влезот на Хрватска во ЕУ зависи од самите нив и втората дека сите очекуваат членството да резултира со воведување на ред во државата. Повеќето очекуваат и повеќе пари, што од ЕУ фондовите, што од доаѓањето на потенцијални странски инвеститори. Некои отворено признаваат дека не им следуваат крупни промени, но за поедини, особено во преработувачко – прехранбената индустрија тоа не може да се каже. Губењето на досегашните пазари на земјите од ЦЕФТА е најголем удар што треба да се ублажи и надомести. Од друга страна, присутен е стравот поради тешкотиите во пронаоѓање на своето место на пазарот на ЕУ.

“На европскиот пазар не можеме да конкурираме затоа што е комплициран и тоа не само поради цените и квалитетот, туку и затоа што големите мултинационални компании нема да ни дозволат така лесно да влеземе на овој пазар”, вели Марица Видаковиќ од Краш. Во оваа компанија не очекуваат промени во оперативното работење, туку во адаптацијата на правилата на работење на единствен пазар. Промената ќе биде нагласена кај извозот во поедини членки на ЦЕФТА на кои производите на Краш се значително присутни.

Made in EU”

hr eu 1Една од ретките компании што не се плаши од губењето на пазарот на ЦЕФТА е Загрепска пивара, затоа што главните сировини ги купува локално, па евентуалните промени ќе зависат од движењето на цените на домашниот пазар.

Атлантик Група истакнува дека е можно нивните производи да ја носат ознаката “made in EU”. Во Ина не очекуваат промени, затоа што значаен дел од активностите веќе се ускладени со ЕУ, а слична порака праќаат и од Агрокор. Големи очекувања од влегувањето во ЕУ имаат компаниите од туристичкиот сектор. Во Випнет како највидлива промена ја истакнуваат ускладувањето на цените на роаминг услугите, а Плива е најподготвената компанија и не очекува никакви промени по влегувањето во Унијата.

“Знаеме колку пари ни се наменети од ЕУ (11,7 милијарди евра од 2014 до 2020 година) преку структурни фондови, но се уште не знаеме како ќе ги трошиме – се уште пишуваме стратегии, се редат приоритетите. Начелно знаеме дека стануваме дел од единствен пазар од 500 милиони луѓе и 20 милиони компании, знаеме дека на скалата на конкурентност стоиме лошо, па почетокот на членството сигурно нема да ни биде лесен”, пишува Пословни дневник.