Колку кафе увезува Македонија?

174

За многумина овој напиток значи добар почеток на денот, како и причина за средба со пријатели, дружење, уживање во неговиот интензивен вкус и мирис.

Македонија минатата година увезла кафе во вредност од 26 милиони долари, додека на страната на извозот прокнижи 2,2 милиони долари. Во светски рамки, лидер се САД со увоз на кафе во висина од 5,7 милијарди долари. Меѓу првите 10 најголеми увозници на кафе се: Германија (3,5 милијарди долари), Франција (2,8 милијарди долари), Италија (1,7 милијарди долари), Холандија (1,3 милијарди долари), Јапонија (1,2 милијарди долари), Канада (исто толку), Велика Британија (една милијарда долари), Белгија (исто толку) и Шпанија (исто така една милијарда долари).

Од земјите во регионот, Грција минатата година реализирала увоз на кафе од 237 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (130 милиони долари), Словенија (98 милиони долари), Хрватска (74 милиони долари), Србија (73 милиони долари) и Босна и Херцеговина (59 милиони долари).

Зад нас според увоз на кафе се Албанија (24 милиони долари) и Црна Гора (19 милиони долари).

Фото: Pixabay