Колку километри може да поминете откако ќе ви светне резерва

75

Колку често ви се случува да возите и во еден момент да ви светне сијаличката за резерва, па се прашувате уште колку километри можете да поминете додека да наточите гориво.

Постојат многу мерења и истражувања, но сепак најважниот податок го има возачот, бидејќи тој знае колку троши неговиот автомобил. Се претпоставува дека на резерва остануваат околу пет литри гориво, но до точната количина може да дојдете на наједноставен начин. Штом светне сијаличката, веднаш појдете на бензинска станица и доколку имате доволно пари наполнете го целиот резервоар, пишува Revijakhak.hr.

Така, ќе знаете колку собира резервоарот и откако ќе се наполни ќе знаете колку литри гориво имало во резерва. Ова може да биде добар тест, но сепак и прилично скап.

Со некои возила може да помине повеќе од 70 километри на резерва, а други помалку од 40 километри, во зависно од начинот на возење, дали е градско возење или на отворен пат.

Фото: Freepik