Колку контроли и надзори изврши ДПИ изминатиот викенд

29

Во текот на вчерашниот ден (12.10.2020) од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта се извршени вкупно девет надзори и 124 контроли во трговски објекти и 93 контроли во угостителски објекти во повеќе градови на територијата на РСМ.

Контролите се извршени согласно Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија и согласно здравствените протоколи за отварање и работа на угостителски објекти заради спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID 19.

Во текот на вчерашниот ден, при контролите, изречена е една мерка во трговски објект во Струга согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за што следи прекршочна постапка. Во останатите градови, при контролите од страна на ДПИ, не се констатирани неправилности по посочените закони и протоколи.

Во изминатите три дена на продолжениот викенд, од страна на ДПИ се извршени вкупно 1.366 контроли и 104 надзори во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето, здравствените протоколи, Законот за угостителска дејност, Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија и Закон за заштита на потрошувачи. Најмногу неправилности се  констатирани во саботата (10.10.2020) за кога ќе бидат поднесени 12 кривични пријави и четири прекршочни пријави за угостителски објекти кои ги прекршиле  здравствените протоколи и изречени се девет мерки за прекршување на законите за трговија и за потрошувачи.

Следниот ден недела (11.10.2020) и во текот на вчерашниот ден понеделник (12.10.2020), ДПИ констатираше намалување на неправилности.

При тоа, изречени ќе бидат вкупно 15 кривични пријави на угостителски објекти за прекршување на здравствените КОВИД протоколи и четири прекршочни пријави за непочитување на работно време, забрана за пушење цигари и затекнати нерегистрирани објекти и една мерка за  непостапување по издадено rешение за привремена забрана за вршење на дејност. Во делот на Законите за трговија и за заштита на потрошувачите, во истиот период изречени се вкупно 10 мерки за прекршување на овие два закони, и констатирани се пет прекршоци на Законот за трговија.

Со оглед на трендот на зголемување на бројот на заболени од вирусот КОВИД-19, апелираме граѓаните, како и трговците, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, со цел да се спречи негово ширење. Сите инспекциски служби се постојано на терен и ќе продолжат и во следниот период со интензивни контроли во делот на почитување на здравствените протоколи. Заштитата на јавното здравје е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија, и затоа нема да има толеранција за прекршителите на здравствените КОВИД протоколи.

Фото: Freepik