Колку коронавирусот ги погоди инфлуенсерите?

30

Ниту инфлуенсерите не се “имуни“ на коронавирусот. Голем е бројот на компании што ги “кратат“ буџетите, ги намалуваат средствата што ги одвојуваат за маркетинг, социјални медиуми и бараат алтернативни форми на приходи, пишува Business Insider.

Инфуенсерите сега се соочуваат со нови предизвици, бидејќи се откажуваат нивните спонзорски договори и настани. Затоа, сега тие се принудени да заработат за живот без да ги напуштат своите домови.

Маркетинг агенциите веќе ги одложуваат кампањите на брендовите за коишто работат. Од друга страна, постојано ги следат објавите на социјалните медиуми и забележуваат дека имаат многу поголем број на посети, бидејќи луѓето одвојуваат многу повеќе време на социјалните мрежи.

Instagram и YouTube инфлуенсерите, кои заработуваат големи износи од спонзорски договори, сега се соочуваат со намалени приходи бидејќи компаниите и брендовите сега не одвојуваат многу пари за маркетинг.

Поради тоа, инфлуенсерите и маркетарите ги менуваат стратегиите со цел да заработат и во вакви услови.

Сега своја прилика гледаат оние инфлуенсери кои и претходно работеа од дома, правеа различни видеа во домашни услови, како што се: подготовка на храна, фитнес вежби и други креативни работи.

Фото: Pixabay