Колку лица од Европа досега се излекувани од коронавирусот?

460

Постојано зборуваме за бројот на новозаразени лица од коронавирусот, но важно е да се напомене и бројот на лица кои успеале да се изборат со овој вирус, со помош на здравствените работници во својата земја.

Според податоците на Statista, во Италија бројот на излечени лица е 2.749, заклучно со денешниот ден. На второ место се најде Шпанија со 1.028 излечени лица од коронавирусот, а трета е Германија со 67 излечени случаи.

Од земјите во регионот, во Грција има осум случаи на излечени пациенти од коронавирусот, во Хрватска четири, во Босна и Херцеговина два и по еден во нашата земја и во Србија.

Фото: Pixabay