Колку луѓе во земјава чекаат вработување над осум години?

26

Минатата 2020 година заврши со 156.432 невработени лица, од кои 6.491 лице или нешто над 4% чекаат на вработување осум и повеќе години, покажуваат официјалните податоци. Од тие 6.491 лице кое веќе со години се пријавува во Агенцијата за вработување како невработено, 2.408 или 37% се жени.

“Веќе 12 години секој месец доаѓам во Агенцијата за вработување за да се пријавам како невработена. Толку години поминаа откако се затвори фирмата во којашто работев, па затоа мора да се пријавувам. Оттогаш работев сезонски, најчесто на неколку месеци во Грција, но ништо за постојано. Сега се надевам на финансиска поддршка од државата за да почнам свој бизнис. Колку ќе успеам ќе покаже времето“, вели 49-годишната Виолета Ѓ. од Скопје.

Слична како нејзината судбина имаат 30.554 невработени во Скопје. Најголем дел од ни, 6.614 бараат работат во период од шест до 11 месеци, а најмалку 410 со над осум години.

Податоците покажуваат дека невработените најчесто чекаат на работа од еден од пет месеци (37.798, од кои 20.311 се жени), а најмалку четири години (4.565 невработени).

Тетово е лидер со 1.501 невработено лице кое бара работа повеќе од осум години.

Фото: Freepik