
Цените на Netflix значително варираат во зависност од земјата, но постојат неколку фактори што треба да се земат предвид при проценка на прифатливоста. Во студија на cloudwards за цените на Netflix по земја, анализирано е колку време би му требало на просечно лице да си дозволи Netflix во 100 земји.
Стриминг гигантот Netflix е основна услуга за многу љубители на филмови и серии, со повеќе од 300 милиони членства низ целиот свет од 2025 година. За луѓето во некои земји кои заработуваат во рамките на средниот опсег на приходи, Netflix не е голем трошок, но за други, како што покажува студијата за цените на Netflix по земји, може да бидат потребни денови работа само за да се овозможи најевтината претплата.
За да откријат каде е најлесно, а каде најтешко да се дозволи Netflix, истражувачкиот тим на Cloudwards собра податоци за проценетиот среден приход и цените на плановите на Netflix во 100 земји.
Колку минути работа чини Netflix во секоја земја?
Накратко, на некој што заработува cо средна плата од 24 минути до повеќе од 35 часа работа може да му биде потребно за да си дозволи стандардна претплата на Netflix.

Македонците и Бугарите со исти резултати
Во земјите од регионот Словенија стои најдобро со медијална плата од 2.539 долари и стандарден Netflix пакет од 9,13 долари, потребни се 38 минути да работат за претплата. Во Грција со плата од 1.740 долари и пакет од 14,27 долари, за претплата потребни им се 1 час и 27 минути.
Хрватите со плата од 1.315 долари, претплата која изнесува 11, 41 долари, потребно е да работат 1 час и 32 минути за претплта на Netflix. Во Турција каде медијалната плата е 729 долари, а цената на стандарден пакет изнесува 7,13 долари, потребни се 1 час и 43 минути работа.
Македонија и Бугарија се со идентични бројки. Во Бугарија каде медијалната плата изнесува 928 долари, а во Македонија 926 долари, претплатата во двете земји изнесува 9,13 долари и потребни им се 1 час и 44 минути работа на Македонците и Бугарите за да платат претплата на Netflix.
Со плата од 789,31 долари, претплата од 9,13 долари, во Црна Гора е потребно да работиш 2 часа и 2 минути, додека во Босна и Херцеговина, со плата од 703,72 долари, претплата од 9, 13 долари потребни се 2 часа и 17 минути работа.
На Србите им требаат 2 часа и 19 минути работа за да платат за претплата на Netflix, кои имаат медијална месечна плата од 693 долари и претплата која изнесува 9, 13 евра. Албанија со плата од 465,46 долари, стандардна претплата од 9,13 долари, потребни се 3 часа и 27 минути.
Инаку, богата со природни ресурси и позната по својата просперитетна нафтена индустрија, Норвешка е една од најбогатите земји во светот. Изненадувачки, цената на Netflix Standard претплатата таму е многу поповолна отколку во некои нејзини европски соседи. Оваа совршена рамнотежа ја поставува Норвешка на врвот на ранг-листата во оваа категорија.
Цена на стандарден пакет (месечно)изнесува 12,46 долари, платата 5.434,05 долари, а времето на работа потребно за да се плати Netflix е само 24 минути.











