Колку милијардери има во светот, кои се и што работат

102

Бројот на милијардери на глобално ниво се зголеми за 8,5% минатата година на рекордни 2.825, а нивното комбинирано богатство се зголеми за 10,3% на 9,4 трилиони долари (илјади милијарди). Минатата година, во Азија се појавија повеќе нови милијардери отколку во кој било друг регион во светот, според организацијата Wealth-X, којашто направи Листа на милијардери за 2020 година.

Богатите во Азија закрепнаа од флуктуациите на пазарот во 2018 година и забележаа позитивен ефект, како по бројот на милијардери, така и по вкупното богатство во 2019 година. Вкупниот број на милијардери во Азија порасна за 12% во текот на годината и достигна 758 лица, наспроти 677. Нивното кумулативно богатство се зголеми за 11% на 2,4 трилиони долари.

Севкупно, Азија ја потврди својата позиција (трето место) со 26,8%. Глобален лидер останува Европа со 847 милијардери (30%), а потоа следува Северна Америка со 834 милијардери (29,5%). Северна Америка има најголем фонд за вкупно богатство од 3,5 трилиони долари. Податоците од извештајот беа собрани пред да започне пандемијата.

Кога станува збор за Азија, повеќето милијардери се во Кина – 342, што е за 20% повеќе од претходната година.

Повеќето милијардери се мажи (88%), а нивната просечна возраст е 66 години. Помалку од 10% од нив се стари под 50 години. Повеќе од половина (58%) се оние кои самите стекнале богатство (не го наследиле).

Голем дел од богатството се создава преку банкарскиот систем и финансиите, индустријата и недвижностите, но и технолошкиот сектор.

Фото: Pixabay