Колку милионери живеат во Србија?

45

Даночната управа на Србија примила 27.866 пријави за утврдување на годишен данок на доход на граѓани со примања повисоки од 2,7 милиони динари (22.965 евра) во текот на 2019 година, пренесува Танјуг.

Најмногу “милионери“ има во Нов Белград (4.969), а најмалку во Врање (102).

Пријавените приходи за првите 100 поднесувачи на даночни пријави со највисоки приходи се движат од околу 518.839 до 6,3 милиони евра. Од 100 највисоки пријавени приходи, 68% се обврзници од Белград и тоа 85 домашни државјани и 15 странци.

Анализирано по професии, најмногу милионери се менаџери, директори и инженери, додека 88% од нив се мажи.

Фото: Freepik