Колку младите во Македонија имаат дигитални вештини?

82

Во текот на 2019 година, четири од пет млади лица или 80% од младите на возраст од 16 до 24 години во Европската унија (ЕУ) имале основни или напредни дигитални вештини, покажуваат податоците на Eurostat.

Тоа е за 24 процентни поени повеќе во однос на процентот кај лицата од 16 до 74 години (56%).

Меѓу земјите членки на ЕУ, Хрватска е земја со најголем удел на млади на возраст од 16 до 24 години со основни и напредни дигитални вештини (97%). Потоа следуваат Естонија, Литванија и Холандија (по 93%) и Грција (92%).

Од друга страна, со најмал процент се најдоа: Романија (56%), Бугарија (58%), Унгарија (68%), Латвија и Луксембург (по 75%).

Во Македонија минатата година, 64% од младите на возраст од 16 до 24 години имале одредени дигитални вештини. Тој процент во 2017 година бил 60, една година претходно 67, а во 2015-та година највисоки 70%.

Во Србија 79% од младите на возраст од 16 до 24 години имале одредени основни или напредни дигитални вептини. Во Словенија тој процент е 82.

Фото: Freepik