Колку пари ни беа потребни за да го истуркаме јули?

58

На едно четиричлено семејство во јули му бea потребни во просек 33.625 денари за задоволување на основните потреби, покажува Синдикалната минимална кошница.

Па така, најмногу пари се одвојуваат за храна и пијалаци и тоа 14.064 денари, додека за режиските трошоци месечно се одвојуваат по 10.444 денари. Кога станува збор за трошоците за превоз, во јули биле потребни 2.466 денари, додека за средства за лична и хигиена за домот се потрошени 2.369 денари.

Просечно семејство во јули за облека и обувки во јули му беа потребни 2.142 денари, додека за културни активности се одвоени 1.066 денари.

Фото: Freepik