Колку пари ни беа потребни за да го “преживееме“ мај?

86

Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај оваа година изнесува 33.315 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на земјава.

Најголем дел од синдикалната минимална кошница 14.196 денари (42,61%) отпаѓа на трошоци за храна и пијалаци. Втори по ред се трошоците за домување со 10.426 денари или 31,30% од вкупниот износ на кошницата. Во овие трошоци за домување влегуваат комунални и трошоци за покуќнина, опрема за куќа и одржување.

За превоз во мај биле потребни 2.447 денари, додека за лична и хигиена на домот се потрошени 2.325 денари. Меѓу последните три ставки од синдикалната кошница влегуваат: облека и обувки (2.144 денари), култура (1.066 денари) и одржување на здравје (707 денари).

Фото: Freepik