Колку пари се трошат на козметика од странство?

191

Увозот на козметика и производи за нега на кожа, на глобално ниво, лани беше 62,2 милијарди долари, што е 6,2% повеќе во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Македонија е 100-та во светот по увоз на козметика од 18.642.000 долари или 4,7% повеќе во однос на 2018 година.

Во светот, пет најголеми увозници на козметика се: Кина (13,2 милијарди долари), САД (5,1 милијарда долари), Хонгконг (пет милијарди долари), Сингапур (3,2 милијарди долари) и Германија (2,6 милијарди долари).

Франција минатата година беше извозник број еден кога станува збор за козметички производи, благодарение на продажбата на странски пазари во висина од 10 милијарди

Од земјите во регионот, Грција минатата година беше најголем увозник на козметика со 236,6 милиони долари. Следни се: Хрватска (159,2 милиони долари), Словенија (111 милиони долари), Бугарија (82,2 милиони долари), Србија (66,6 милиони долари) и Босна и Херцеговина (46,2 милиони долари).

Фото: Freepik