Колку пари ви недостасуваат за да бидете меѓу 1% од најбогатите низ светот?

37

Да се биде во друштво на најбогатите 1% низ светот не е едноставно, но посебно е тешко е во Монако. Мора да имате најмалку осум милиони долари за да бидете дел од ова друштво во малото кнежевство, каде што жителите не плаќаат данок на доход, пишува Bloomberg.

Швајцарија и САД се следни, па за се биде меѓу 1% од најбогатите во овие земји треба да “тежите“ најмалку 5,1 милион, односно 4,4 милиони долари. За Сингапур доволно е да имате 2,9 милиони долари за да може да припаднете кон заедницата на најбогатите.

Студијата на Knight Frank покажува дека пандемијата го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните земји. За да се биде меѓу 1% од најбогатите во Монако е 400 пати поголем износ одошто во Кенија. Светска банка проценува дека два милиони луѓе во оваа африканска земја паднале во сиромаштија поради пандемијата, а во меѓувреме 500 најбогати луѓе во светот станаа уште побогати.

САД доминираат по бројот на ултра богати луѓе иако во последно време богатството во азиско – пацифичкиот регион, како што се Кина и Хонгконг постојано расте. Најбогатите милијардери во тој регион сега имаат 2,7 илјади милијарди долари, што е трипати повеќе во однос на крајот на 2016 година. Се очекува овој регион и во иднина да руши рекорди во однос на богатство, најавувајќи голем пораст на бројот на милијардери до 2025 година.

Фото: Pexels