Колку просечно троши еден Европеец на патување во земјите од ЕУ?

32

Фото: Pixabay

Еден жител на стариот континент просечно троши 98 евра дневно во друга земја членка на Европската унија, покажува европската статистика. Овој просек се движи од 51 евро дневно во Романија до 155 евра во Естонија.

Европските туристи, според статистиките, најмногу ги посетуваат: Шпанија (20,9%) и Франција и Италија (по 11,7%).

Кога станува збор за начинот на патување, кога патуваат низ својата земја најчесто или 81,6% користат автомобил или автобус, а 13,2% користат железнички транспорт. Кога патуваат, пак, надвор од својата матична земја, најмногу или 56,1% патуваат со авион.

Еден од четири жителите на Европа за приватни патувања најчесто ги одбираат јули и август, додека во март најмногу ги организираат своите бизнис патувања.

Повеќе од една третина од сите патувања на Европејците се поврзани со посета на пријатели и роднини.

Од земјите во регионот, кои се членки на Унијата, жителите на Бугарија најмногу патуваат во: Грција (6,4% и трошат околу 55 евра за еден ден), Германија (3,5% и трошат околу 52 евра дневно) и Турција (2,7% и трошат 41 евро на дневна основа).

Жителите на Хрватска, пак, најмногу патуваат во Германија (7,9% и трошат 37 евра дневно), Босна и Херцеговина (4,5% и 36 евра дневно) и Австрија (2,5% и 130 евра дневно). Грците најчесто одат во: Албанија (2,1% и трошат 27 евра дневно), Германија (1% и трошат 57 евра) и САД (1% и трошат 75 евра дневно). Омилени дестинации на Словенците се: Хрватска (43,3% и трошат 38 евра дневно), Италија (4% и трошат 86 евра дневно) и Босна и Херцеговина (3,6% и трошат по 26 евра дневно).