Колку сме зависни од социјални мрежи?

55
Woman using a smartphone social media conecpt

Во ера на дигитализација, но и во време на пандемија, социјалните мрежи за многумина се единствен “прозорец“ кон светот. Па затоа, не се поставува прашањето дали, туку колку сме зависни од социјалните мрежи?

Податоците на Eurostat покажуваат дека 68% од населението во земјава користи некоја од популарните форми на социјални мрежи. Тој процент е исклучително висок меѓу лицата на возраст од 16 до 24 години – 90%, додека само 19% од лицата на возраст меѓу 65 и 74 години користат социјални мрежи.

На ниво на Европска унија, 54% од лицата на возраст од 16 до 74 години користеле социјални мрежи во 2019 година, во текот на последните три месеци. Тој процент бележи раст, па така во 2011 година бил 36%.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најголем процент на корисници на социјалните медиуми има во Данска (81%), по што следат: Белгија (76%), Кипар и Шведска (по 72%) и Малта (71%).

Од друга страна, најмал процент на учество во социјалните мрежи имаат Франција и Италија (42%).

Меѓу младите на возраст од 16 до 24 години, девет од 10 лица користеле социјални мрежи (86%). Овој опсег се движи од 73% во Италија и 74% во Франција до 98% во Кипар.

Повозрасните жители на ЕУ, од 65 до 74 години, имаат удел од 18% во активност на социјалните мрежи. Овој процент се движи од 9% во Бугарија до 51% во Данска.