Колку “тежи“ извозот на јаглен?

89

Извозот на јаглен во светот минатата година достигна ниво од 118,5 милијарди долари или пад од 6,8% во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник на јаглен лани беше Австралија со удел од 37,5% или 44,4 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на јаглен беа и: Индонезија (21,5 милијарди долари), Русија (16 милијарди долари), САД (9,8 милијарди долари) и Колумбија (5,2 милијарди долари).

Македонија е 68-ма во светски рамки со извоз на јаглен во вредност од 124.000 долари или 3,9% помалку во однос на 2018 година.

Од земјите во регионот, најголем извоз на јаглен имаше Хрватска со 5,2 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (1,8 милиони долари), Словенија (1,1 милион долари), Бугарија (986.000 долари) и Србија (131.000 долари).

Фото: Freepik