Колку “тежи“ размената со нашите најголеми трговски партнери

58

Македонија, од јануари до август годинава, имаше извоз во вредност од 3,4 милијарди евра, додека во исто време на увоз потроши 4,6 милијарди евра. Намалување има и кај извозот (17,8%) и кај увозот (15,1%) во споредба со осумте месеци од минатата година.

Традиционално, најголеми трговски партнери на земјава ѝ се: Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина. На прво место е Германија, на чиј пазар завршуваат производи од земјава во вредност од 1,5 милијарди евра. Во истиот период, од Германија е направен увоз во висина од 491,1 милиони евра.

На пазарот на Велика Британија, од јануари до август оваа година, се нашле македонски производи во висина од 97,6 милиони евра, а на увозното “конто“ со оваа земја се прокнижени 625,6 милиони евра.

Од статистичките податоци може да се заклучи дека Македонија има дефицит во трговската размена со соседна Србија, бидејќи извозот е 136,6 милиони евра, додека увозот се позиционираше на 356 милиони евра.

Слична е и ситуацијата со Грција, каде извозот, во периодот јануари – август, достигна вредност од 121,8 милиони евра, а во исто време на увоз потрошивме 292,8 милиони евра.

И Кина се вбројува меѓу нашите најголеми трговски партнери, каде што се извезени македонски производи во висина од 83,4 милиони евра, а увозот надминува 316 милиони евра.

Фото: Pexels