Колку туристи имаше Македонија во април?

36

Бројот на туристи во април оваа година изнесува 741, а бројот на ноќевањата изнесува 4.690, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 99,1%, а бројот на ноќевањата е намален за 97,2%.

Бројот на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 97,7%, а бројот на странските туристи е намален за 99,7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 96,1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 97,8%.

Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 47,9%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43%, а кај странските има намалување за 50,3%.

Во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 46,9%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 41,6%, а кај странските има намалување за 50,4%.

Фото: Freepik