Во првите шест месеци од оваа година, природните жестоки пијалаци од грозје и вино, во земјава се произведени 7.805 хектолитри, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Податоците покажуваат дека за шест месеци се произведени 162.121 хектолитар вино од свежо грозје, освен пенливи вина, во шишиња. Во истиот период се произведени 519.736 хектолитри пиво, добиено од слад.
Производството на освежителни пијалаци, со додаток на шеќер (вклучувајќи минерални и газирани), од јануари до септември годинава, достигна 1.189.128 хектолитри.
За половина година, во Македонија се произведени 1.589.000.000 парчиња цигари, а во истиот период производството на ферментиран тутун достигна 16.889 тони.
Фото: Freepik