Колку во ЕУ се троши на алкохолни пијалаци

54

Во текот на минатата година, домаќинствата во Европската унија потрошиле 117 милијарди евра или 0,8% од бруто домашниот производ на Унијата на алкохолни пијалаци.

Тоа е 1,6% од вкупните трошоци на домаќинствата, во коишто не се вклучуваат пари потрошени на алкохолни пијалаци во ресторани и хотели, покажуваат податоците на Eurostat.

Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу на алкохол трошат Балтичките земји: Латвија (4,8%), Естонија (4,7%) и Литванија (3,7%). Од друга страна, најмалку на алкохолни пијалаци потрошиле Грција и Италија (по 0,9%).

Фото: Freepik