Колку вредат најмоќните брендови за детски играчки?

71

Фото: Pixabay

Данскиот бренд за детски играчки, Lego оваа година достигна вредност од 6,7 милијарди долари или 10,8% помалку во однос на претходната година, покажуваат податоците на Brand Finance.

Според вредноста, на второ место се најде јапонската компанија Bandai Namco што се занимава со развој на видео игри. Станува збор за компанија вредна 1,6 милијарди долари, што е 57% повеќе во споредба со 2018 година. Трета највредна компанија од овој сектор е американската Fisher Price, што се занимава со производство на едукативни играчки за бебиња и деца. Проценките се дека компанијата оваа година вреди 655 милиони долари, додека една година претходно имаше вредност од 812 милиони евра.

Следува брендот за играчки Nerf од САД со вредност од 411 милиони долари, а зад него е Barbie, чија вредност во 2019 година (372 милиони долари) се намали за 10,1% во споредба лани (414 милиони долари).