Колку вредат примените и испратени дознаки во светот?

17

Фото: Pixabay

Секоја година луѓе кои работат во странство, им испраќаат пари на своите блиски во нивната матична земја. Тој проток на пари заработени во една, а испратени во друга земја се познати како дознаки. Тие претставуваат една од најосновните начин на трансфер на пари.

Развиените земји како што се САД, Канада, Јапонија и Велика Британија бележат повеќе одливи на средства по основ на дознаки, додека земји како што се Индија, Египет и Бразил се земји каде што се слеваат големи износи на средства од ваков вид.

Петте земји, според порталот Howmuch.net, коишто во 2017 година примиле најголем износ на дознаки се:

Израел – 991 милиони долари

Финска – 881 милиони долари

Јужна Африка – 873 милиони долари

Мали – 827 милиони долари

Парагвај – 704 милиони долари

Од вкупно 189 земји во светот, овие пет земји примиле најмалку дознаки:

Ангола – еден милион долари

Суринам – еден милион долари

Турција – 1.048 милиони долари

Ирак – 1.089 милиони долари

Косово – 1.111 милиони долари

Од земјите во регионот, најмногу странски дознаки се слеани во: Албанија (1.311 милиони долари; Босна и Херцеговина (2.017 милиони долари); Бугарија (2.205 милиони долари); Хрватска (2.484 милиони долари) и Србија (3.589 милиони долари).

Нашата земја е на 155-то место со дознаки од странство во вредност од 314 милиони долари. Во текот на 2017 година, од нашата земја се одлеале 27 милиони долари по истиот основ.

Во Грција дознаките од странство достигнале 401 милион долари, додека во Словенија беа на ниво од 478 милиони долари, а во Црна Гора имаа вредност од 522 милиони долари.

Ангола, Шри Ланка, Унгарија, Финска и Финска се петте земји кои испратиле најголеми износи на дознаки во странство.