Колку време им треба за да заработат просечна балканска плата

64

Петнаесетина најплатени извршни директори на технолошки компании во САД имаат збир на годишна плата поголема од 83 милијарди американски долари.

Јазот во платите расте, особено во Америка, каде директорите на водечките технолошки компании во Силиконската долина заработуваат огромни суми.

За подобро да се види колку заработуваат највисоко платените луѓе во индустријата, тимот на Simple Texiting, користејќи финансиски извештаи од 2019 година, разви калкулатор во кој корисниците можат да ги внесат своите приходи или одредени трошоци за да видат колку време е потребно Џеф Безос, Илон Маск или Марк Цукерберг да заработат или да го исплати истиот износ.

Користејќи ги најновите податоци од канцелариите за статистика во регионот, Al Jazeera Balkans ги искористи платите на неколку извршни директори со просечните плати во регионот.

Така, тие дошле до информации дека Џеф Безос за неполни три секунди заработува просечна годишна плата како во Босна и Херцеговина (6.726 долари). Марк Цукерберг ја заработува просечната годишна плата на еден работник во Црна Гора за една минута и 48 секунди. Во продолжение подеталното истражување:

Џеф Безос, Amazon – за три секунди заработува просечна годишна плата на работник во Босна и Херцеговина (6.726 долари).

Илон Маск, Tesla –  за една минута и 36 секунди заработува просечна годишна плата на работник во Србија (7.072 долари).

Марк Цукенберг, Facebook –  за една минута и 48 секунди заработува просечна годишна плата како работник од Црна Гора (7.452 долари).

Тим Кук, Apple – за 52 минути и 48 секунди заработува просечна годишна плата на работник од Хрватска (12.557 долaри).

Сатја Надела, Microsoft – за три часа, 35 минути и 24 секунди заработува просечна годишна плата како работник на Словенија (17.587 долари).

Фото: Freepik