Колку време трошите за да стигнете на работа?

30

Одењето на работа секое утро може да биде вистински предизвик, особено ако живеете подалеку од работното место и треба да се “втурнете“ во сообраќајниот хаос.

Според податоците на Eurostat, во 2019-та година, просечно еден вработен во Европската унија трошел по 25 минути на одење од дома до работа. над 61% од вработените во ЕУ патувале помалку од половина час од својот дом до работното место. Податоците покажуваат дека 26,3% од вработените во ЕУ патувале во просек меѓу 30 и 59 минути, а на 8,1% од вработените им биле потребни повеќе од 60 минути за да стигнат од дома до своето работно место.

Вработените во Латвија имаат највисок просек од 33 минути, по што следуваат Унгарија и Луксембург со по 29 минути поминати во пат од дома до работа.

Најголемиот дел од земјите членки на ЕУ патуваат меѓу 24 и 28 минути (17 земји).

Најмалку време за да стигнат на работа трошат жителите на: Кипар (19 минути), Грција (20 минути), Италија и Португалија (по 21 минута).

Фото: Freepik