Колку заработи првиот човек на Apple во 2019 година?

72

Извршниот директор на Apple, Тим Кук во текот на минатата година заработи три милиони долари, покажуваат официјалните податоци.

Освен основната годишна плата, Кук доби и парични бонуси во вкупен износ од 7,7 милиони долари. Исто така, патувањата во текот на годината и трошоците за обезбедување на првиот човек на Apple ја чинеа компанијата дополнителни 800.000 долари. Па така, вкупните приходи на Кук се на ниво од 11,6 милиони долари.

Овој износ е 26% помалку во однос на претходната година, кога вкупните приходи на Кук изнесуваа 15,7 милиони долари. Причина за падот е послабиот финансиски резултат на Apple во текот на 2018 година.

Но, ова не се единствените приходи на Кук, бидејќи тој заработи уште 113 милиони долари по основ на акции во Apple. Така, неговата вкупна заработка во 2019 година достигна 125 милиони долари.

Фото: Pexels