Колку заработува Безос во минута?

102

Џеф Безос е познат како еден од најбогатите луѓе во светот, а неговото богатство, според списанието Форбс, во моментов се проценува на 190,4 милијарди долари, пишува Индипендент.

Во последниве месеци, тој спореше за првото место на листата на најбогатите со извршниот директор на Тесла, Илон Маск и сопственикот на компанијата за луксузна стока ЛВМХ, Бернард Арно.

На крајот на јули, Безос го направи првиот лет до работ на вселената со вселенското летало Њу Шепард, развиено од неговата компанија Блу ориџин. Заедно со него во капсулата беа неговиот брат Марк Безос, 82-годишниот Воли Фанк и 18-годишниот иден студент по физика – Оливер Дамен.

Фанк и Дамен беа најстарите и најмладите астронаути во историјата, соодветно. Безос, пак, стана најбогатиот човек во светот, кој летал до работ на вселената.

Екипажот се искачи на висина од нешто повеќе од 107 километри, а по лансирањето уредот достигна максимална брзина од 3590 километри на час, или речиси три пати од брзината на звукот.

Целото патување траеше нешто помалку од 11 минути, со што Безос исполни еден од своите соништа. Иако неодамна ја напушти функцијата извршен директор на Амазон, тој сепак продолжува да го зголемува своето богатство.

Постојат два начина да се пресмета богатството на една личност – според неговиот приход или според промената на неговата нето вредност.

Од 1998 година, Безос има непроменета основна плата од 81.840 долари, или 6.820 долари месечно.

Освен тоа, тој добил бонуси и надоместоци за 1,682 милиони долари. Ако ги поделиме овие суми месечно, тоа ќе значи дека тој заработува 140.153 долари, или 32.343 долари неделно, 4.608 долари дневно, 192 долари на час и 3.20 долари за минута.

Сепак, овие бројки најверојатно нема да ве импресионираат, бидејќи веројатно знаете дека другите милијардери заработуваат многу повеќе. На пример, Маск ги зголеми своите банкарски сметки за 595 милиони долари во 2019 година.

Меѓутоа, ако го гледаме порастот на богатството на Безос минатата година, кога скокна за повеќе од 75 милијарди долари, бројките се сосема различни.

Тоа би значело 6,25 милијарди долари месечно, 1,44 милијарди долари неделно, 205 милиони долари дневно, 8,56 милиони долари на час или 142,667 долари минута заработени од милијардерот.

Едноставна пресметка покажува дека во своите 11 минути во вселената, Безос заработил 1,57 милиони долари.

Безос го основа Амазон од неговата гаража во Сиетл во 1994 година, првично продавајќи книги.

Безос ја надмина границата на богатството од 100 милијарди долари во 2018 година, и за време на КОВИД пандемијата стана првиот милијардер што ја надмина границата од 200 милијарди долари.

Во јануари 2019 година, Безос се раздели со неговата сопруга Мекензи Скот, префрлајќи повеќе од 4% од акциите на Амазон, кои денес изнесуваат повеќе од 55 милијарди долари.

Ова автоматски ја направи една од најбогатите жени во светот, а во последните две години донираше повеќе од 8,7 милијарди долари на повеќе од 750 непрофитни организации.