Месечната плата на најдобрите гејмери во регионот, учесници на Esport Balkan League (EBL), се движи меѓу 1.000 и 3.000 евра месечно. Тоа се играчи чии екипи настапуваат во регионалните натпреварувања, а точниот износ зависи од тимот за којшто играат, квалитетот на играчите, но и бројност на гледачи кои ги следат на социјалните мрежи, пишува српски Blic.
Во регионот многу се важни наградните фондови на натпреварите. На пример, екипа што ќе ја освои EBL добива 10.000 евра и се квалификува во групната на European Master, каде што наградниот фонд е 150.000 евра, а победникот добива 40.000 евра.
Според достапните податоци, платите на гејмерите на меѓународно ниво се значително поголеми, па така просечната годишна плата во League of Legends European Championship League се движи околу 250.000 долари годишно.
“Во оваа играм помалку се заработува, па мојата заработка била стотина евра плус бонуси и награди од натпреварите. Од спонзорите најчесто добивав опрема за играње и слично. Сепак, во другите тимски игри најдобрите гејмери во Србија, ѕвездите на своите екипи, можат да заработат околу 1.500 евра месечно“, вели Стефан Ѓукиќ, кој што во еспортот е веќе 11 години, а професионално игра во последните пет. Негова игра е Hearthstone, којашто ја играат милиони играчи ширум светот, а која се игра индивидуално.
И тој вели дека на светско ниво, заработките се многу поголеми, па наведува пример каде играл на еден приватен турнир кај најдобриот играч на Hearthstone, каде што наградниот фонд бил 5.000 евра.
Фото: Pexels