Комерцијална банка АД Скопје со најмногу трансакции во 2012

36

komercijalna[5]На Годишната конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013, Комерцијална банка АД Скопје ја доби плакетата за постигнато прво место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2012 година.

Во текот на целата 2012 година, Комерцијална банка АД Скопје оствари вкупен промет со хартии од вредност од 1.969.763 илјади денари (32.029 илјади EUR) или пазарно учество од 17,88 % од вкупно остварениот промет на берзата.

Во вкупниот број на трансакции (14.951) кои се остварени на Македонската берза за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје оствари (2.547),односно учествува со 17,03 % во вкупниот број на реализирани трансакции.