Комерцијална Банка: Банка на годината по седми пат

47

The Banker, реномираното светско списание од областа на финансиите и банкарството, ја прогласи Комерцијална банка АД Скопје за Банка на годината во Македонија за 2012.

Ова е седми пат по ред Комерцијална Банка да го добие признанието Банка на годината.

Наградата се доделува врз основа на следните критериуми: поврат на средствата на акционерите, стратегиски предности во однос на конкурентите и проценти на пораст на капитал, актива и нето добивка.

Според соопштението на банката наградите биле свеченото доделени вчера (28 ноември) во Лондон.