Комерцијална банка бара понуди на локации за поставување банкомати (АТМ)

214

Kомерцијална банка АД Скопје е заинтересирана за поставување на банкомати (АТМ) на неколку локации во Скопје и низ земјата, стои во соопштението.

Во Скопје: Сопиште, Скопје Север, Пржино или Црниче, Јурумлери, Ново Лисиче и Центар – околу потегот ЗОО, Градски парк, Фонтана, Дебар Маало.

Низ Републиката: во Струга, Кичево, Прилеп (с.Лажани и с.Кривогаштани), Струмица, Кавадарци (Росоман), Виница и Дебар.

Трошоците за целосна монтажа и инсталација на АТМ Банкоматите ќе бидат од средства на банката.

Сите заинтересирани физички и правни лица, кои поседуваат простор на овие подрачја, што се наоѓа на атрактивна и фреквентна локација (Централно лоцирана), со правни субјекти во опкружувањето, со пристапност и паркинг до просторот 24/7/365 дена во годината, како и приклучок за електрична енергија, се замолуваат да достават

Понуди на е-маил адресата на банката на contact@kb.com.mk, со приложување на следната документација:

  • Имотен лист за сопственост на просторот;
  • Потврда за отворена сметка во Комерцијална банка АД Скопје (заради плаќање на закупнината);
  • Фотографии од понудениот простор;
  • Месечен износ на закупнината во нето износ (со вклучен трошок за потрошена електрична енергија од банкоматот);
  • Согласност за склучување петгодишен договор за закуп;
  • Контакт лице, адреса,телефон и е-маил за комуникација.

*Пожелно е понудениот простор да има сопствен видео мониторинг (надзор).

Напомена: банката нема обврска да ја прифати доставената Понуда.