Комерцијална банка добитник на неколку награди и признанија на годишната конференција на Македонска берза

21

награда 1

Комерцијална банка, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, на годишната конференција на Македонска берза, е добитник на неколку награди и признанија.

Банката доби награда за котирано друштво со најголем остварен промет во изминатите 20 години од постоењето на Македонска берза, како и награда за членка со најголем број трансакции и со најголем промет во изминатите 20 години.

Меѓу наградите е и Кристално ѕвоно за постигнато прво место за најтранспарентно котирано акционерско друштво, како и плакета за постигнато второ место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2015 година.