Комерцијална банка ги намали каматните стапки за станбен кредит со ЕУР клаузула

18

komercijalna banka

Комерцијална банка започна со понуда на станбен кредит со ЕУР клаузула со промотивни каматни стапки до 31.03.2015 година. Каматната стапка на кредитот е 2,9% годишна фиксна каматна стапка за првите три години и 6,85% годишна променлива за остаток на период на отплата на кредитот.

Сите новоодобрени станбени кредити со ЕУР клаузула во промотивниот период до 31.03.2015 ќе бидат без надомест за одобрување и администрирање и без трошоци за процена. За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.