Комерцијална банка и Веро со заедничка кампања

127

komercijalna-banka-logo-2Во периодот од 15 март до 15 јуни 2018 година ќе биде реализирана заедничка кампања на Комерцијална банка и Веро маркетите, се вели во соопштението на банката.

Кампањата се однесува на сите постојни и идни корисници на Mastercard® платежните картички на Комерцијална банка кои со секоја направена трансакција во Веро маркетите со Mastercard® картичките на Банката ќе добијат поврат на средства во износ од 3% од трансакцијата.

Вкупниот поврат на средства од тековниот месец ќе биде префрлен на трансакциска сметка на 10 наредниот месец.