Комерцијална банка издаде Прирачник за работа со жени жртви на семејно насилство

13

Во рамките на меѓународната кампања – 16 дена активизам против родовото и семејното насилство, Комерцијална банка АД Скопје во соработка со МППС (Македонска платформа против сиромаштија) и поддршка од Принт тим ДОО Скопје, го издаде првиот Прирачник за групна работа со жени жртви на семејно насилство.

Прирачникот е резултат на двегодишна работа на двајца психотерапевти, поддржани од Комерцијална банка, кои развија специфична методологија за работа со жени жртви на семејно насилство, во рамки на проектот што се спроведуваше во Македонскиот центар за женски права – Шелтер Центар Скопје, во периодот 2011-2013 година.

Акцијата Жени за жени, со која Комерцијална банка АД Скопје започна 2010 година, со намера одбележување на 8 март за жените жртви на семејно насилство, се разви во сериозен проект со помош на невладините организации членки на МППС, со цел ресоцијализација, психолошка поддршка и економско зајакнување на жените жртви на семејно насилство.

Во Прирачникот е опишана методологијата за групна работа со жртвите, индивидуалните искуства и напредокот кој тие го постигнале, како резултат на работата со психотерапевтите во период од две години. Методологијата може да биде користена само од едуцирани професионалци / психотерапевти кои работат со ранливи категории во рамки на државните институции и невладините организации.

Комерцијална банка АД Скопје во рамки на своите општествено одговорни практики, во 2014 година продолжи со поддршка и на првиот Семеен центар за жртви на семејно насилство, во соработка со невладината организација ХЕРА и канцеларијата на Град Скопје.