Комерцијална банка ја заврши 2017 со нето-добивка од 820,5 милиони денари

18

komercijalna-banka-logo-2Денес, 04.04.2018 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2017 година со бруто-добивка во износ од 912,4 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 91,9 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 820,5 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 820,5 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 18% од номиналната вредност на акцијата, односно по 180 денари на една акција.

Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 410,3 милиони денари, да се издвои во резерви.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2017 година, беше избрано друштво за ревизија и усвоен Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.