Комерцијална банка ќе почне со исплата на дивидендата од 19-ти април

42

komercijalna-banka-logo

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 19-ти април 2016 година ќе врши исплата на дивидендата за 2015 година.

Право на исплата на дивиденда за 2015 година имаат сите акционери на Комерцијална банка АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на седми април 2016 година.

Исплатата  на дивиденда за 2015 година на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки.

На физичките лица средствата од дивидендата за 2015 година ќе бидат уплатени на нивните сметки во Комерцијална банка АД Скопје, освен за лицата кои имаат дадено овластување за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка АД Скопје во таков случај средствата од дивидендата за 2015 година ќе ги уплати на назначената сметка.

Физичките лица кои немаат отворено сметки во Комерцијална банка АД Скопје или не дале овластување, ќе треба за исплата на дивиденда за 2015 година да отворат сметки во Комерцијална банка АД Скопје или да дадат овластување за пренос на средствата од дивидендата во друга банка. Ова можат да го направат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.

Согласно член 77 став 1 од Законот за персоналниот данок на доход, потврдите за пресметан и платен персонален данок на приход од капитал – дивиденда за 2015 година, исплатена во 2016 година ќе бидат доставени до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивиденда. Доколку некои од акционерите не jа добијат потврдата заради технички причини (промена на адреса и слично), истата ќе може да ја подигнат во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка АД Скопје низ Републиката.