Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 27 април

115

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 27.04.2022 година ќе врши исплата на дивиденда за 2021 година. Право на исплата на дивиденда за 2021 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2022 година.

Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во Комерцијална или во друга банка.

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да превземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.

Средствата од дивидендата за 2021 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на сметките на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената сметка. Доколку некој акционер,  резидент физичко лице , нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на сметка во друга банка, да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, кои може да се најдат на веб-страната на банката www.kb.mk во делот „ЗА НАС \ Односи со инвеститори“

Согласно член 85, став 11, од Законот за данокот на личен доход,  пресметката на данокот на доход од дивиденда остваренa со учество во добивката во 2021 година, a исплатена во 2022 година, ќе биде доставена до секој акционер евидентиран во книгата на акции по извршената исплата на дивидендата, стои во известувањето на Комерцијална банка објавено на Македонската берза.