Комерцијална банка ланската година ја заврши со добивка од околу 791,5 милиони денари

18

komercijalna-banka

Комерцијална банка минатата 2016 година ја заокружи со добивка во висина од 791.469.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2015 година, банката прикажа добивка од 524.467.000 денари.

Нето приходите од камати во текот на минатата година достигнаа вредност од 3.078.609.000 денари, додека на крајот на 2015 година изнесуваа 3.177.652.000 денари. Нето приходите од провизии и надоместоци лани имаа вредност од 885.476.000 денари, а една година претходно 915.775.000 денари.

“Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 100.730,7 милиони денари, додека консолидираниот износ на капиталот и резервите со состојба 31.12.2016 година изнесува 10.565,9 милиони денари“, стои во Коментарот на консолидираниот биланс на успех.

Консолидираниот неревидиран биланс на успех се состои до билансите на успех на: Комерцијална банка АД Скопје, подружницата КБ Публикум инвест Друштво за управување со инвестициони фондови и на придруженото друштво КБ Прво пензиско друштво – Друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.